Ковид пандемијата во САД руши рекорди – за еден ден регистрирани над 1 милион заразени

Последните 24 часа во САД се регистрирани над 1 милион заразени со Ковид-19, што е рекорд од почетокот на пандемијата на коронавирусот. Претходно, на 31. Декември беа пријавени најголем број позитивни на вирусот – околу 590.000 луѓе.

Универзитетот „Џон Хопкинс“ соопшти дека најверојатно податоците не ја покажуваат реалната ситуација, бидејќи голем број Американци дома се тестираат за Ковид-19 и не ги пријавуваат резултатите до статистичките агенции.

Од почетокот на пандемијата во САД се регистрирани над 56 милиони заразени луѓе со Ковид-19, а има и над 820.000 смртни случаи.