
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер утре доаѓа во дводневна официјална посета на Северна Македонија.
Посетата на Штајнмаер, според официјалната веб-страница на германскиот претседател, треба да се фокусира врз ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресија вбрз Украина и постојаната поддршка на Германија за перспективите на Северна Македонија за влез во ЕУ.
Ова е прва посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Штајнмаер на Северна Македонија.
Според најавата, утре во Скопје се планирани политички разговори со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски, а тој треба да се обрати и во Собранието.
Штајнмаер в среда во Скопје ќе се сретне со екипата на македонскиот документарен филм „Медена земја“, кој беше номиниран за „Оскар“ во 2020 година, а попладне ќе го посети ветерниот парк во Богданци, а потоа и германската компанија „Дрекслермаер“ во Кавадарци.