Лионел Меси наводно преговара за трансфер во Америка, за време на Светското првенство во Катар.
Според лондонски „Тајмс“, Аргентинецот кариерата ќе ја продолжи во Интер од Мајами, клубот кој го предводи Дејвид Бекам. На Флорида ќе стане најплатениот играч во историјата на американската МЛС лига.
Лео Меси играше за Барселона до летото 2021 година, кога потпиша двегодишен договор со Пари Сен Жермен. Доколку се точни извештаите на англиските новинари, тој нема да ја продолжи соработката со парижаните, туку ќе замине преку океанот како слободен играч, во тим каде што минатиот месец од фудбалот се прости уште една аргентинска легенда, Игуаин.
Сè околу неговото евентуално заминување ќе биде многу појасно по Светското првенство, каде Лео сака да го освои единствениот трофеј што му недостига со сонародниците – титулата на Светското првенство.
По катастрофалниот старт и пораз од Саудиска Арабија, Лео вчера беше тој што го стартуваше тимот во „тешкиот“ дуел против Мексико, како навестување за подобра игра во остатокот од турнирот.
Меси ќе се врати во Пари Сен Жермен во втората половина на декември, бидејќи парижаните следниот натпреварувачки натпревар ќе го одиграат на 28 декември. Според сите пресметки, тоа ќе биде почеток на последната полусезона за Лео во Франција, а веројатно и во европскиот фудбал.