Во Тирана денеска заедничка седница на парламентите на Албанија и Косово
По повод 110-годишнината од независноста на Албанија, денеска во Собранието на Албанија во Тирана ќе се одржи заедничка свечена седница на албанскиот и косовскиот парламент, соопшти Собранието на Косово.
На почетокот на седницата пред пратениците ќе се обратат претседателката на Собранието на Албанија, Линдита Никола и претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца.
По нив ќе говорат премиерите на Албанија и Косово, Еди Рама и Албин Курти, како и шефови на репрезентативни групи, пренесува Бета.
Одбележувањето на 110-годишнината од независноста на Албанија ќе биде придружено со културни и други активности, се наведува во соопштението.