Сопственикот на Твитер, Илон Маск изјави дека бројот на нови корисници кои сакаат да пристапат на оваа социјална платформа е на рекордно ниво.
„Во последните седум дена тој број во просек изнесува два милиони дневно, што е за 66 отсто зголемување во споредба со истиот период минатата година“ рече Маск, пренесе Ројтерс.
Тој додаде дека бројот на активни минути што корисниците ги поминуваат на Твитер е рекордно висок и изнесува речиси 8 милијарди минути дневно, што е зголемување за 30 отсто во однос на истиот период во 2021 година.
Во исто време, говорот на омраза на Твитер е во опаѓање, додаде Маск.