Конгрес на ДОМ, се очекува реизбор на Маја Морачанин

Демократската обнова на Македонија денеска треба да го одржи Петтиот конгрес на кој се очекува да биде реизбрана актуелната претседателка Маја Морачанин и да бидат избрани членови на Централниот и Надзорниот одбор на партијата.

На седницата на Централниот одбор на партијата, одржан на 24-ти овој месец, беше утврдено дека актуелната претседателка Морачанин е единствениот предлог за претседател на партијата, а беа утврдени и предлозите за членови на Централниот и Надзорниот одбор на партијата.

Согласно внатрепартиските принципи, кандидатите за претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ ги предлагаат членовите на општинските организации, МОДОМ и Форумот на жени на ДОМ.

Одлуката за одржување на Петтиот конгрес на партијата беше донесена на 16 октомври од страна на Централниот одбор.