„Отворен Балкан“ повторно ја тресе Црна Гора

Црногорското Министерство за европски прашања подготви „Анализа на предностите и недостатоците од учеството на Црна Гора во иницијативата Отворен Балкан“ и оцени дека проектот нема патоказ, стратегија, институционална рамка или договор кој гарантира еднаков однос и ставот на земјите учеснички во него, наведува порталот Europe Western Balkans (EWB).

Особено бурни реакции следеа по тоа што анализата беше отстранета од веб-страницата на Владата и Министерството за европски прашања, а се уште не се знае на чија иницијатива е тоа направено. Анализата се заснова на верувањето дека пристапувањето на Црна Гора во Европската Унија е примарна државна цел и низ оваа призма се гледа на потенцијалното приклучување на регионалните иницијативи како што е Отворениот Балкан.

„Иницијативата Отворен Балкан е поставена на амбициозната агенда за создавање заеднички регионален пазар по моделот на единствениот пазар на ЕУ и до одреден степен се совпаѓа со постојната регионална рамка за соработка воспоставена со Берлинскиот процес“, се наведува во документот.

Се нагласува дека проектот нема патоказ, стратегија, институционална рамка, ниту договор со кој се воспоставува и гарантира еднаков однос и позиција на земјите учеснички во него. Се додава дека проектот нема ниту методологија која би помогнала во мерењето на успехот, ниту некакво надзорно административно-техничко тело кое би ги извршило потребните проценки и предлага мерки.

„Изворите на информации за реализацијата на проектите се ограничени, а текстот на некои договори не е ни достапен, не постои единствена веб-страница која би ги обезбедила сите потребни информации, така што ова укажува и на проблемот со транспарентноста на процесот“ – според анализата изработена од експертите на Министерството за европски прашања.работни места.

Се потсетува дека Србија ратификуваше пет договори, додека Албанија и Северна Македонија не ратификуваа ниту еден, „и сè уште е рано да се зборува за какви било резултати од иницијативата Отворен Балкан“.