Одрон на италијанскиот остров Искија, најмалку 8 мртви и 13 исчезнати

Најмалку 8 лица загинаа, а уште 13 се водат за исчезнати на вулканскиот остров Искија, во Неаполскиот залив, кога започна лизгање на земјиштето предизвикано од обилни врнежи, јавуваат италијанските медиуми.

Министерот за инфраструктура и транспорт, Матео Салвини потврди дека свлечиштето однело осум животи, пренесе АНСА, повикувајќи се на изјавата на Салвини на отворањето на дел од метрото во Милано.

„Спасувачите работат во тешки услови“ – рече Салвини.

Се проценува дека во Казамихола, на северот на Ишја, најмалку 30 семејства моментално се заробени во своите домови и се без вода и струја. Севкупно, има околу стотина луѓе до кои допрва треба да се стигне, а патот што води до нивните домови, преку Санта Барбара, во моментов е непрооден поради кал и одрони кои го блокираат, соопшти АНСА, повикувајќи се на локалните власти.

„Има 20-30 изолирани семејства и десетина урнати згради“, потврди Џакомо Паскал, градоначалник на Лако Амено на северот на островот Искија во Тиренското Море, на околу триесет километри од Неапол.