Ленин за Данела: Ви се смее во очи и ве лаже!

Ленин Јовановски, првиот човек на „Слобода превоз“, приватните превозници кои држат неколку линии во градското подрачје, на Фејсбук објави видео од скопската градоначалничка Данела Арсовска порачувајќи: Ви се смее во очи, ве гледа и дрско ве лаже!

Инаку, автобусите на приватните превозници веќе подолго време не сообраќаат, бидејќи како што велат, ЈСП им должи 1,5 милиони евра, долг кој не им го исплаќа. Поради тоа тие се во криза и нема да возат додека долгот или барем дел од него не биде подмирен.

Арсовска, пак, ги обвинува дека манипулирале со сметките за билетите.