Поради компликации од коронавирусот почина Марјан Додовски (55), прв министер за животна средина и просторно планирање на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 до 2002 година.
Додовски беше пратеник во Собранието од 2006 до 2008 година, а потоа и член на Советот на Град Скопје.
Веста на Фејсбук ја соопшти неговата поранешна сопруга, Иванка Василевска.
„Во длабока жал ве известуваме дека ноќеска, на државната клиника, прерано не напушти Марјан Додовски. Марјан беше голем и посветен борец за Македонија, прв министер за животна средина и просторно планирање на ВМРО-ДПМНЕ, во својата плодна кариера извршуваше бројни партиски и државни функции но, пред се и најважно од се тој беше татко на мојата, на нашата Марија Додовска. Не остави во голема жалост, а Македонија изгуби голем човек. Марјан почивај во мир!“ – напиша Василевска.
Додевски беше член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, претседател на комисијата за животна средина и координатор на изборни единици.