Премиерот на Албанија, Еди Рама, го поддржа премиерот на Косово Албин Курти по постигнувањето договор меѓу Србија и Косово за прашањето за регистарските таблички и изјави дека Курти постапува согласно функцијата што ја извршува.
Рама на Твитер посочи дека договорот го затворил патот за непредвидливи настани.
„Воопшто не се согласувам со нападите врз Албин Курти по соодветен договор кој, за среќа, го затвори повторно отворениот пат на непредвидливи случувања! Да го нападнеш Курти затоа што се однесувал како премиер е исто како да бараш од него да биде одговорен затоа што не размислува и не зборува исто како кога беше во затвор“ – нагласи Рама.