Претседателката на Косово, Вјоса Османи и премиерот Албин Курти на синоќешниот прием по повод Денот на албанското знаме – 28 ноември порачаа дека Косово и Албанија имаат причина и мора бидете „погласни и поедногласни“.
На приемот организиран од Амбасадата на Албанија во Косово, Османи укажа на значењето на тој празник за Албанците.
„Денеска сме поблиски од кога било, денеска сме поинтегрирани и утре ќе бидеме заедно со едно големо европско семејство“, рече Османи.
„Под ова знаме се и нашите браќа во Северна Македонија, Црна Гора, Прешево и Бујановац и дијаспората. Ова е нашата историја, ние сме меѓу најстарите“, рече Османи.
Курти во својот говор побара Косово и Албанија да бидат погласни и во исто време поедногласни.
Тој оцени дека доколку Косово ја постигне целта за членство во НАТО и ЕУ, „Албанците ќе бидат уште повеќе интегрирани во вредностите на западната демократија“.
„Ние веруваме во тие вредности, па од тие причини мораме да бидеме погласни и едногласни. Секој 28 ноември мораме да го мериме квалитетот и силата на овој глас“, рече Курти.