СП во Катар: Камерунецот Емболо донесе три бода за Швајцарија против Камерун

Швајцарија важеше за благ фаворит против Камерун во денешниот прв натпревар на програмата и таа улога Швајцарците ја оправдаа со триумф од 1:0.

Камерун денес имаше свои шанси, меѓутоа Зомер во секоја од приликите на репрезентативците на Камерун беше на висина на задачата. Заканите Камернците најчесто ги испраќаа преку Чупо-Мотинг од Баерн и соиграчот на Елиф Елмас од Наполи, Ангуиса.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи на стартот на вториот дел кога Емболо кој е роден во Камерун го совлада Онана. По тој гол на Швајцарија падна нивото на игра Камерун, па Швајцарија без многу проблеми ја одбрани предноста до крајот на средбата.

Сеферовиќ во последните моменти имаше и одлична прилика за 2:0, но не погоди.

Во тек е мечот во кој Уругвај се среќава со Јужна Кореја, а потоа Португалија (од 17 часот) игра со Гана и во вечермиот термин од 20:00 часот е дербито на денот помеѓу Бразил и Србија.