За потребите на ВМРО-ДПМНЕ агенцијата ИПСОС спроведе теренска анкета од 06 до 20.12.2021 година врз 1.023 испитаника на територијата на цела држава, запазувајќи ги демографските карактеристики.
Во истражувањето биле вклучени повеќе прашања.
- Како го оценувате досегашното работење на Зоран Заев како премиер на државата?
Лош резултат од работата 53%
Добар резултат од работата 29%
- Како ја оценувате досегашната борба на Владата против корупцијата?
Незадоволителна 64%
Задоволителна 29%
- Дали сте задоволни од пакетот мерки во економијата кој го донесе владата за справување со ковид кризата:
Незадоволни 55%
Задоволни 37%