Набрзо ќе се зголемат минамалната плата и пензиите – потврдува буџетот за 2023 година

Со отворањето на дебатата во парламентот за Буџетот за 2023 година се потврди дека Владата предвидува ново зголемување на минималната плата. Во Буџетот се предвидени средства за усогласување на платите со минималната плата во текот на следната година, согласно новата методологија. Тоа значи дека веќе во март следната година ќе имаме ново зголемување на минималната плата, но и ново покачување на пензиите.

Со донесувањето на новата методолгија по социјалниот дијалог меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, минималната плата ќе расте согласно растот на просечната плата и животните трошоци. Минималната плата сега се усогласува со 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од растот на трошоците за живот.

Одделувањето на средства за раст на минималната во време на светска економска и енергетска криза е само потврда дека Владата предводена од СДСМ, не ги заборава работниците и граѓаните.

Со новиот раст на минималната плата, таа ќе достигне ниво за повеќе од двојно повисоко отколку што беше до 2016 година кога СДСМ го презеде раководењето на Владата. Од оваа дистанца изгледа дека ВМРО ДПМНЕ го користеле зголемувањето на минималната плата само за предизборен маркетинг и затоа таа не надмина сума од 9 000 денари.

За само пет години оваа сума двојно се зголеми, а со новото покачување во првиот квартал од идната година тоа ќе стане и повеќе од двојно. Проекциите се дека е можно минималецот да премине преку 20 илјади денари. Иако уште на стартот, кога започна постојаното зголемување на минималната плата, имаше реакции и неаргументирани анализи на ВМРО ДПМНЕ и на нивните финансиски експерти, како Трајко Славевски, или Данела Арсовска, дека зголемувањата се вештачки и ќе предизвикаат отпуштања и финансиски колапс на компаниите, сепак ништо од тоа не се оствари. Напротив, интензивниот социјален дијалог што го промовира Владата обезбеди поддршка за континуиран раст на минималецот од синдикатите, стопанските комори, експертите… и сето тоа се покажува како успешен рецепт.

Буџетот за 2023 година само ја потврдува социјалдемократската насока на Владата. Таму се предвидени и 250 милиони евра помош за надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза, со што продолжува и заложбата на Владата дека никој нема да биде оставен сам да се справува со кризите. Во последните 10 месеци, Владата веќе има издвоено преку 760 милиони евра за анти-кризни мерки со кои се помагаат најранливите категории на граѓани. Освен директната помош за најранливите категории, Владата издвои помош и за обезбедување на ликвидноста на компаниите, а продолжи и субвенцијата на цената на електричната енергија.