Нов биланс: 252 лица загинаа во земјотресот на индонезискиот остров Јава

Во земјотресот во Јава (Индонезија) загинаа 252 луѓе, соопштија индонезиските власти, бидејќи под урнати згради се пронајдени повеќе тела.

Агенцијата за ублажување на катастрофи на својот Инстаграм профил објави дека уште 31 лице се водат како исчезнати, а стотици се повредени.

Сианџур, јужно од Џакарта, беше најтешко погоден од земјотресот со јачина од 5,6 степени.

Спасувачите не можеа да пристапат до руралните области со тешка опрема и багери за да бараат луѓе, бидејќи патиштата и мостовите беа уништени.