Десетици жртви во земјотресот на индонезискиот остров Јава

Во земјотрес со сила од 5,6 степени којшто го погоди индонезискиот остров Јава, загинаа најмалку 62 луѓе, а околу 700 се повредени, според информација на челникот на најсилно засегнатиот град Чианџур, Херман Сухерман.

„Бројките растат“ истакна Сухерман за локалнте телевизии, одделни области не се достапни поради лизгање на земјиштето. На голем дел од повредените не може да им биде пружена медицинска помош поради недостиг од здравствен персонал, велат извори од локалната власт.

Портпарол на градската управа за агенцијата АФП изјавил дека се уништени стотици, ако не и илјадници куќи.

На видеа коишто курсираат на социјалните мрежи се гледаат целосно урнати објекти и расплакани луѓе. Насекаде низ улиците се гледаат урнатини, а за точниот број на повредени лица нема доверливи информации. Многу од жителите биле потиснати од урнатите објекти, истакнува раководителот на Националната служба за заштита од катастрофи.

Земјотресот се случил денеска утрото по локално време во близина на главниот град Џакарта на островот Јава. Епицентарот се наоѓал неколку километри југозападно од Чианџур, тука се гледаат и најголемите штети.

Потресот јасно се почувствувал и во индинезиската престолнина Џакарта, висококатниците се нишале, но метрополата останал поштедена од поголеми оштетувања.