
Борел изјавата ја даде по серијата средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.
-Одиме од криза во криза. Овојпат е уште полошо отколку во август – изјави Борел.
Како што наведе, јасно им порачал на двете страни дека тоа не може да продолжи.
– Кризите мора да престанат – изјави тој.
Тој додаде дека денеска не е постигнат договор.
– Предложивме како да се избегне кризна ситуација. Вучиќ ги прифати предлозите, но за жал Курти не – изјави Борељ.