
Режимот во Киев заслужува најстрога казна за своите злосторства, а на Володимир Зеленски треба да му се суди, изјави претседателот на Државната дума на Русија Вјачеслав Володин.
Володин го коментираше видеото од пукањето на руските војници на „Телеграм“ со порака: „Вака се однесуваат фашистите. Режимот во Киев заслужува најстрога казна за своите злосторства. Шефовите на европските држави до ден денес не ги осудија овие злосторства“.
Според него, истиот молк во триесеттите години на минатиот век доведе до создавање на фашистичката држава и Втората светска војна.
„Земјите кои соработуваат со режимот во Киев треба да разберат дека ја поддржуваат нацистичката држава, садисти чии раце се облеани во крв. На Зеленски треба да му се суди. Тој треба да се појави пред Трибуналот“, рече Володин.
Министерството за одбрана на Русија претходно објави дека украинската армија намерно убила 10 заробени руски војници.