Во следните триесет дена, светот ќе застане поради најдолгоочекуваното Светско првенство во историјата. Домаќин ќе биде Катар, држава која што според многумина на доста контроверзен начин уште во 2010 година ја доби организацијата на највозбудливиот спортски собир.
Како и за секој Мундијал во последните децении, така и за овој ќе има своја официјалната химна. Под наслов „Better Together“ (или „Заедно подобри“), изведувачите Тринидад Кардона и Ајша, со продуцентот Давидо ја создадоа „Хаја, Хаја“.
Богата држава како Катар со сигурност ќе организира спектакл и Светското првенство, кое за првпат ќе се игра во зимски период, ќе биде хит.