Универзитетскиот професор д-р Ненад Марковиќ во врска со давањето на државјанство на странец ставен на црната листа на САД вели дека има две теории зошто вакво нешто се случило, една до јавноста, друга до медиумите.
– Има два мотиви зошто овој дотичен господин за кој знаеме многу малку, а сега се повеќе, добил државјанство. Или се работи за класична зделка, каде некоја од структурите тоа му го овозможила што веројатно е казниво или не се откриваат сите информации зошто било потребно во тој момент да му се даде државјанство. Тука постојат аспекти кои не се за во јавност и кои не можеме да ги знаеме. – вели Марковиќ.
Професорот потенцира дека ниту една држава не дава туку така државјанство ако не добие нешто за возврат. Дали е ова нечија приватна зделка и дали има злоупотреба на службената положба или дали тоа било јавен интерес на државата на која и требало нешто од дотичниот господин.
– Во вакви ситуации треба внимателно да се известува и да се пристапува кон ваквите проблеми поради класифицираните аспекти. И АНБ и Агенцијата за разузнавање и другите безбедносни структури мора дас имаат однос на доверба со новинарите и однос на фер игра за тоа колку, што и во кои ситуации може да се јави. – вели Марковиќ.
Тој истакна дека потенцијална опасност беше и нападот на екипата на ТВ 24 пред куќата која е регистрирана како живеалиште на украинецот. Со тоа биле вжештени страстите и ситуацијата ерскалирала. Многу симптоматично делуваше неговата реакција и кај луѓето буди сомнеж. Во однос на довербата кон институциите, вели дека нашето општетство со ниедна револуција и промена на власта не успеала да се смени.
– Очекувањата по 2016 беа многу високи и потоа имаше атерирање во реалноста, со што увидовме дека се работи за системски проблеми. Кај нас системот е базиран врз сите овие негативни феномени и од истите не може да се извлече. – вели Марковиќ.