Зајкова: ЛДП ја гледам како сериозна државничка партија

Пратеничката од ЛДП Моника Зајкова рече дека има продуктивни и непродуктивни кадри, чесни или нечесни и вели дека во партијата има место за млади и дека и таа се бори за местото лидер на партијата. Секој којшто во себе го негува либералниот дух без оглед дали е во партијата или не, може да ни се придружи, вели Зајкова. Се осврна и на новата функција на Пенов.

– За Ристо Пенов истакна дека за неговите дела најмногу може да говорат граѓаните на Скопје. Неговите дела се видливи. ЛДП овојпат настапува обединето и ја гледам како сериозна државничка партија која учествува во креирањето и носењето на државни одлуки и креирање на свои идеолошки политики. – вели Зајкова.

Зајкова истакна дека во наредниот период ќе се фокусираат на креирање на иницијативи и политики коишто ќе треба да го подобрат секојдневното живеење на граѓанинот. Ние истрчавме сами на локалните избори и ЛДП е посебна политичка партија која долго опстојува на политичката сцена.

– Ќе се градиме со сопствени политики и може да преговараме за коалиции и тие одлуки се носат во рамки на партијата. Големите партии се уште имаат поволности од државата зиошто имаат поголем број на кадри преку кои може да ги реализираат политиките во своите аналитички центри. – вели Зајкова.

Потенцираше дека кризата се чувствува, но не стравува дека може да дојде до соццијални немири.