На денешен ден пред 15 години Бугарија влезе во ЕУ, па по тој повод бугарскиот премиер Кирил Петков рече дека Европската унија започна како мировен проект, но со текот на времето стана најголемиот светски пазар, културен центар, заеднички вредности и споделени можности.
Петков смета дека ЕУ може да се надградува, а Бугарија мора да има активна и конструктивна улога во оваа надградба.
Премиерот на Бугарија смета дека земјата повеќе не треба да биде само на периферијата, туку двигател, членка која го дава најдоброто од себе за развој на сопствената земја, која последователно ја развива целата ЕУ.