Албанија стана непостојана членка на Советот за безбедност на ОН

Од денеска соседна Албанија го започнува двегодишниот мандат на непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), каде е избрана за периодот 2022-2023 година.

Изборот во Советот за безбедност, за првпат по 66 години членство во ОН, претставува голем предизвик, но и одлична можност за Албанија, која се пријави како консензуален кандидат на Групата источноевропски земји.

Изборот на Албанија во овој Совет е едно од најголемите достигнувања во меѓународната дипломатија за земјата.

„Добра вест. Со 175 гласови од 117 потребни, Албанија штотуку е избрана за членка на Советот за безбедност на ООН за 2022-2023 година“ напиша своевремено Рама.

Совет го сочинуваат 15 членки, при што САД, Обединетото Кралство, Франција, Русија и Кина се 5 постојани членки, а останатите 10 земји членки имаат мандат од по 2 години.