Трилинг: Во март годинава делегацијата на германското стопанство апелираше државата да делува во насока на амортизирање на ударот од војната во Украина врз бизнисот. Колку досегашните владини мерки дадоа резултат во насока на ублажување на последиците?
Мартинс: Прашањето треба да гласи, со кои можности располага Владата кога држава има 2 милиони жители, односно скоро 2 милиони жители и какви фискални можности има таа на располагање, јасно е дека тие се ограничени и фокусот го стави на поддршка на домаќинствата.
Но кои можности остануваат за поддршка на стопанството, Владата работи на подобрување на рамковните услови, имаме постигнување во делот на хармонизација на царинските тарифи со тарифите во ЕУ кај одредени суровини, ова значи прилагодување на рамковните услови кон барањата на инвеститорите.
Ние како Делегација на германското стопанство заедно со компаниите и Владата сме во постојана комуникација и посочување на конкретни проблеми.
Трилинг: Дали и како енергетската криза и високата инфлација ги погоди компаниите во зоните?
Мартинс: Првично треба да се спомене дека цените на струјата експлодираа, односно трошоците. За намалување на трошоците се нудат решенија со инвестиции во обновливи извори на енергија. Но за нивно спроведување првично е потребна законска рамка, која треба да биде изгласана од мнозинство во парламентот, за воопшто да им се овозможи на компаниите да инвестираат во обновливи извори на енергии.
Трилинг: Автомобилската индустрија во Северна Македонија брои дваесетина компании кои вработуваат над 25.000 луѓе. Дали се соочувате со намалено производство, отпуштање на вработени и поради зголемената цена и потрошувачка на струјата?
Мартинс: Кризата, односно војната во Украина има директно влијание врз германските инвеститори во земјата. Кај компаниите има зголемено производство, а се отворија и нови работни места, во компаниите Кромберт и Шуберт, Дрекслермајер, Костал, ОДВ Електрик, кај некои од нив и во кратки временски рокови мораше да се дуплира бројот на вработени. Ова беше делумно и на барање на нивните клиенти во Германија, на кои мораше да им се гарантира дека поради војната нема да дојде до прекин на синџирот на снабдување.
Трилинг: Компаниите во зоните учествуваат во формирањето на бруто домашното производство со 6 до 8 отсто и со половина од вкупниот извоз. Во меѓувреме Државниот завод за статистика објави извештај за работењето на ТИРЗ во изминативе 7 години. Какви се ефектите од досегашната државна помош?
Мартинс: Технолошко индустриски зони, ТИРЗ беа првите кои стартуваа со привлекување на странски инвестиции, тие се одговорни воопшто за доаѓањето на првите германски инвеститори во земјата. Но сите инвеститори не се дел од зоната, така да може да заклучиме дека државната помош не е секогаш клучна за привлекување на странски инвеститори. Одлучувачки фактори за компаниите покрај усогласувањето на царинските тарифи со оние во ЕУ, е и независното судство, сигурноста при долгорочното планирање, а посебно сега во кризата реакцијата од страна на законодавната Власт, односно работата на парламентот за носење на нови закони и законски измени, прилагодување кон актуелната криза.
За нас е од особена важност да знаеме дека судството е независно, дека од страна на администрацијата ќе има брза реакција, кога ќе има потреба од тоа. Во однос на договорите за државна помош за компаниите во ТИРЗ, важно ни е да се почитуваат роковите и обврските кои се дел од договорите од страна на Владата. Тука сметаме дека има простор за подобрување, бидејќи понекогаш се случува да има доцнење, кое може да доведе до негативни последни за инвеститорите. За компаниите екстремно е важно долгорочното планирање и правна сигурност.
Трилинг: Германија е најголемиот трговски партнер на Северна Македонија. Најголемиот дел од извозот се пласира во Германија. Кои би биле црните сценарија за Германија низ македонските очила?
Мартинс: Сметам дека оваа војна ќе трае уште долго, она што е најважно е да се преброди оваа зима бидејќи снабдувањето со енергија за индустријата во сите европски земји е од клучна важност.
Најцрното сценарио не би ни сакал да го помислам, но доколку дојде до прекин на снабдувањето со гас на сред зима во Германија, силно ќе се одрази и на целиот регион.
Доколку се стопира производство на хемиски материи во Германија, кои служат за производство на сурови, кои потоа ги користат компании во регионот ќе има прекин и на производството тука. Ова за мене е најцрното сценарио.
Она што сметам дека може да биде позитивна промена е да се искористи кризата за побрза примена на обнови извори на енергии во производството, се разбира онаму каде што тоа може да се примени. Но имаме и индустриско производство каде што енергија од обнови извори не е доволна во процеси каде се применува топење на челик и производство на челични конструкции, во овие процеси е потребна огромна количина на струја, и таа треба да се обезбеди. Шансата ја гледам во промената на целиот систем на снабдување со енергија за индустриското производство.
Трилинг: Работа очигледно има, но дали има кој да работи?
Мартинс: Ова е одлучувачко прашање за новите инвеститори, достапноста на работоспособниот кадар кој е на располагање, но и стручниот кадар. Честопати се соочуваме со достапна работна сила на пазарот на трудот во професии од кои компаниите немаат потреба. Зборуваме за индустриско производство кое има потреба од стручен кадар, ние сме силно застапени со Дуалното стручно образование по германски модел во 7 градови со 12 компании, каде едуцираме во два образовни профили мехатроничар и техничар за машинско производство, ова е значаен придонес кој го даваме за да ја направиме земјата поконкурентна за инвеститорите.
Трилинг: Suppliers Balkan Expo 2022 – SUBEX на 15-ти и 16-ти ноември 2022 година во Скопје! Најголемиот B2B настан на годината во Југоисточна Европа!
Мартинс: Додадената верност од настанот Suppliers Balkan Expo за компаниите од регионот и југоисточна Европа е воспоставување на нов синџир на снабдување, каде локални компании производители ќе воспостават деловни контакти со германски компании купувачи со можност да станат нивни добавувачи.
Suppliers Balkan Expo е настан кој ќе им овозможи на компаниите Б2Б средби, конференција, 4 панели на следниве теми: ИТК сектор, дуално стручно образование, глобален синџир на снабдување и текстилна индустрија, која е особено важна со воведување на новиот закон за корпоративна должна одговорност на компаниите во рамки на нивниот синџир на добавувачи.
Во нас има оптимизам дека со SUBEX ќе придвижиме некои работи во стопанството, а истовремено креиравме настан кој може да се одржи во различни земји од регионот, следната година тој може да се одржи во Косово или пак во Србија, но може и во Романија. Со овој настан ги доближиме компаниите од југоисточна Европа и ги ставиме повеќе во фокусот на германските компании. Турција исто е дел од овој настан, и турски компании ќе бидат дел од настанот. Имаме директна врска помеѓу Истанбул и Скопје, но и од други земји имаме добри конекции со Скопје.