Бугарското МНР го смета за провокација рускиот документарен филм „Една вера, еден јазик“ направен од режисерката Елена Мироненко. Причините за ваквата реакција од Софија е поради наводите дека браќата Кирил и Методиј и нивните ученици немаат никаква врска со Бугарија.
МНР на Бугарија тврди дека филмот не е научно издржан и неточно се претставени историските периоди во него. Поради погрешно поставените или намерно изоставените фундаментални факти во филмот, бугарското Министерство за надворешни работи потсетува дека во рамките на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, Република Бугарија и Република Северна Македонија постигнаа договор за историски личности и настани од заедничката историја, меѓу кои и Свети Кирил и Свети Методиј, Свети Климент, Свети Наум и други, одобрени од владите на двете земји.
Бугарското МНР изразува надеж дека таквите провокации не вклучуваат директни или индиректни трети страни.