Високите цени на струјата и зголемените животни трошоци предизвикаа од почетокот на месецот штрајкови и протести ширум Европа, вклучително и Германија, Франција и Шпанија.
Во Грција работниците излегоа на еднодневен штрајк со барање за зголемување на платите, што доведе до прекини во патниот, воздушниот и траектниот сообраќај.
Овој штрајк е втор во Грција од почетокот на годинава, а беше организиран на повик на синдикатите на работниците од државниот и приватниот сектор, кои претставуваат повеќе од 2,5 милиони членови.
Голем број демонстранти се очекуваат и пред парламентот во центарот на Атина.
Високите цени на струјата и зголемените животни трошоци предизвикаа од почетокот на месецот штрајкови и протести ширум Европа, вклучително и Германија, Франција и Шпанија.
Од почетокот на годината грчката економија бележи речиси двоен раст во однос на истиот период минатата година благодарение на закрепнувањето на туризмот, но инфлацијата е на 12 отсто, што е највисока во изминатите речиси три децении.
„Работниците се борат против инфлацијата која ги гуши грчките домаќинства, нерасчистените состојби на пазарот на труд и товарот што со години го носат на грб“, се вели во соопштението на синдикатот ГСЕЕ, кој е најголем во приватниот сектор.