Српскиот претседател Александар Вучиќ, коментирајќи ги наводите дека групата на Вељко Беливук планирала да го убие посочи дека службите имаат податоци за тоа кој требало да учествува во извршувањето и на првиот и на следниот планиран атентат.
„Нашите служби не можеа да измислат нешто. Ќе се појават нови податоци, имаме преземени нови пакети од телефонот. Почнаа да зборуваат за убиството и да ме нападнат, сега имаме потврди и знаеме кој се учествувал во тие приказни. Кој требаше да учествува во егзекуцијата и во првиот и во следниот обид“ – рече Вучиќ, пренесува Н1.
Нападот наводно бил планиран за време на откривањето на споменикот на Стефан Немања на плоштадот Сава во Белград.
Вучиќ рече дека тој ден, поради големата површина на која се наоѓал, биле ангажирани сите снајперисти и специјалци што ги има Србија и дека одбил да носи панцир.