Венко Филипче – се уште актуелниот министерот за здравство денеска имаше работен состанок со синдикалните здруженија на здравствените работници. Потпишаа анекс на колективниот договор, според кој, во годината што следува е предвидено да се реализира зголемување на платите за 5 отсто за сите вработени во здравството.
Вкупно 600 милиони денари се издвоени за оваа намена за 2022 година, соопштија од МЗ.
„Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 отсто, на медицинските сестри меѓу 20 отсто и 23 отсто, на општите лекари за 25 отсто, а на здравствени соработници за 15 отсто. Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани. Го корегиравме коефициентот за дежурства. На младите колеги специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар. Граѓаните заслужуваат најдобра медицинска нега, а здравствените работници достојни услови за вршење на нивната дејност“ се вели во соопштението на МЗ.