Градоначалникот на Велес, Марко Колев истакна дека општина Велес е една од најпогодените во делот на енергетската криза и дека затекнал раскинат договор на оштината и економските оператори и тогаш почнале голготите.
-Наследив раскинат договор, отидовме на краен снабдувач и казни превидени со законот и не добивме согласното од Бирото за јавни набавки да склучуваме договор за непосредна спогодба. Отидовме во ЕВН и сметките драстично се зголемија – вели Колев.
Ако општината плаќала милион денари, сега сметките се покачени на 6 милиони и тоа е сериозен финансиски удар на општината.
Имале сериозни финансиски импликации, особено во зимскиот период минатата година. Разликата што се плаќала претходно е над 35 милини денари и тоа се одразило врз понатамошните планови за урбанизацијата на градот.
-Ако Велес прибира 20 милиони денари за еден месец, претходно се плаќало еден милион, а сега осум милиони, тоа сериозно ја погоди општината. Мораше да се направи ребаланс во првите неколку месеци од 2020 и да скратиме се за да ги платиме сметките и сега немаме никаков долг кон ЕВН – вели Колев.