„Министерот за надворешни работи треба да води сметка дека тој ја добива својата месечна плата и овој би рекол луксузен живот кој што го води е од граѓаните во Македонија. И треба да ги штити интересите на граѓаните во Македонија, не да ги штити интересите на граѓаните во случајот на соседна Бугарија. И мислам дека треба малку поодговорно да се однесува кон чувствата на граѓаните на Македонија, тука пред се мислам на чувствата на Македонците“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Прилеп.
Мицкоски додаде дека министерот Османи треба да се извини на неговите сограѓани Македонци, за болката која што им ја нанесе со неговото министерување и со начинот на кој што го води овој процес со источниот сосед.
„И мислам дека ваквите изјави не само што не одат во прилог на релаксирање на и онака поларизираната состојба, а поларизирана е поради однесувањето на Владата и потпишувањето на оние егзибионистички калкулантски договори со кои што ние како Македонци губиме сѐ, а бугарската држава добива сѐ тоа што го бара. И затоа мислам дека во периодот кој што следи единственото нешто кое што на нему му преостанува е пред се да се извини на неговите сограѓани Македонци, за болката која што им ја нанесе со неговото министерување и со начинот на кој што го води овој процес со нашиот источен сосед. И да даде поддршка на Македонците од таа страна на границата, во насока на тоа да тие културно се организираат и да можат да ги остваруваат своите права“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.