Германскиот канцелар рече дека денеска лидерите на Западен Балкан ќе преземат три важни чекори, склучувајќи три важни договори (за патување со лични карти, признавање на дипломи и професионални квалификации).
„Заедничката иднина без граници е клучна за Западен Балкан“, изјави Шолц, на отворањето на Самитот на Берлинскиот процес во главниот град на Германија, на кој присуствува и премиерката Ана Брнабиќ.
Шолц рече дека во првата година од неговиот мандат разговарал со многу шефови на влади и држави од регионот, особено за стабилноста на Западен Балкан, бидејќи стабилноста на регионот, како што рече, не може да се гледа одвоено од стабилноста на Европа.