Сончево и топло до 20 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и над просекот за овој период од годината. Во западните делови повремено силен ветер од јужен правец (над 80 km/h).