„Меси ќе даде се од себе за да го освои Светското првенство во Катар“

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси ќе даде се од себе за да го освои Светското првенство во Катар со аргентинската репрезентација, изјави менаџерот Фабијан Солдини, пренесуваат аргентинските медиуми.

Аргентинскиот сајт „Infobae.com“ ја објави приказната за Солдини, кој беше првиот менаџер на Меси.

Солдини е еден од најзаслужните за доаѓањето на Меси во Барселона во 2000 година.

„Кога бев во неговата куќа во 2015 година, а не се видовме пред речиси десет години, тој ми рече: „Фаби, една година се будам ноќе размислувајќи за финалето на Светското првенство против Германија. Не можам да спијам“, изјави првиот менаџер на аргентинскиот фудбалер.

Во финалето на Светското првенство во 2014 година, Германија ја победи Аргентина по подоброто изведување пенали.

„Аргентина е негова љубов. Ниту Њуелс, ниту Барселона, ниту ПСЖ. Тој ја сака репрезентацијата и го погодуваат лошите работи што и се случуваат на Аргентина“, тврди Солдини.

Меси минатата година го освои единствениот трофеј со Аргентина победувајќи го Бразил во финалето на Копа Америка.

„Меси често е критикуван, а тој доаѓа болен, повреден. Се бори како лав за овие бои. И тогаш луѓето велат дека не играл како за клубот. Тоа го боли и навредува. Меси живее за Аргентина и ќе го направи своето. најдобро е да донесеме трофеј во Катар“, заклучи Солдини.

СП ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември. Аргентина ќе биде во група со Мексико, Полска и Саудиска Арабија.