Блокирани се 101.706 сметки на компании во БиХ

На крајот на минатиот месец во БиХ се блокирани 101.706 сметки на компании, соопшти Централната банка на земјата.

Во новиот извештај за блокирани сметки во Единствениот регистар на сметки, подготвен од Централната банка на БиХ наведено е дека 55.354 компании имаат најмалку една блокирана сметка.

Споредено со претходниот месечен извештај, бројот на блокирани сметки на фирми е зголемен за 299, а бројот на фирми со најмалку една блокирана сметка е зголемен за 169. За 10 години двојно се зголеми бројот на блокирани сметки.

Во новиот извештај, се наведени продавници, фризерски салони, бензински пумпи, аптеки, ординации, кафулиња и ресторани, до различни агенции, задруги и компании.

Оваа листа вклучува и рудници, месни заедници, општини и спортски здруженија.