Негативно е мислењето на новото ад хок телото за употребата на името Цар Фердинанд во називот на бугарското здружение кое сака да се регистрира во земјава. Членовите на телото, меѓу кои најголем дел се универзитетски професори по историја, денеска одржале состанок и негативното мислење ќе му го достават на Министерството за правда.
Претседавачот со телото, професорот Бобан Петровски за Канал 5 вели дека Цар Фердинанд не е запаметен како позитивна личност и без оглед на тоа кој ќе го предложи за име на здружение, ќе предизвика вознемиреност кај граѓаните.
Оваа личност не е запаметена како позитивна личност во македонската историја. Во 19 и 20-тиот век учествува во најмалку три воени дејствија во кои се разрушени бројни градови на територијата на Македонија и цениме дека здружение со вакво име, било од кого да е предложено, независно од етничката припадност на оние кои го предлагаат, би предизвикало вознемирување кај поголем дел од граѓаните во РМ независно од нивната етничка припадност.
Ова беше прв тест за советодавното тело, кое до носење на новиот закон за здруженија и фондации треба да ја регулира употребата на историските личности. За утре е најавена расправата во Комисијата за политички систем за измените на Законот, кои неодамна со големо мнозинство беа поддржани во Собранието. Останува нејасно дали предлогот на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во иста форма, односно дали ќе важи ретроактивно и ќе г