
Во Република Српска погребана Плавшиќ
Поранешната претседателка на Република Српска, Билјана Плавшиќ денеска е погребана во Бања Лука
Поранешната претседателка на Република Српска, Билјана Плавшиќ денеска е погребана во Бања Лука.
На погребот покрај членови на семејството присуствуваа и претседателот на РС, Синиша Каран, премиерот на РС, Саво Миниќ, лидер на Сојузот на независни социјалдемократи, Милорад Додик, претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, како и голем број личности од јавниот и политичкиот живот во РС.
Каран посочи дека РС никогаш нема да ја заборави Плавшиќ.
Плавшиќ почина на 96 години на 1 октомври во Белград. Хашкиот трибунал ја осуди Плавшиќ на 11 години затвор поради злосторства против човештвото. Таа беше ослободена од затвор на 27 октомври 2009 година, од кога живееше во Белград и не беше политички ангажирана.