Портпаролката на ЕК: Одлуката на Косово за табличките не е во согласност со договорот од дијалогот

Портпаролката на Европската комисија (ЕК) за надворешни работи, Набила Масрали, рече дека Косово „има право постепено да ги менува табличките, но дека овој процес мора да биде во рамките на дијалогот“, објави Н1.

„Јасно нагласуваме дека Косово има право постепено да ги менува табличките, но тој процес мора да биде во рамките на дијалогот. Оваа одлука не е во согласност со договорите од дијалогот меѓу двете страни и во согласност со договорот од 2016 година“, рече Масрали.

Таа додаде дека Европската унија ќе продолжи да работи со своите партнери за изнаоѓање одржливо решение.