Задоцнетата правда е негирање на правдата, напиша на Фејсбук утрово министерот за правда Никола Тупанчески по повод 25 октомври – Европскиот ден на правдата.
„Задоцнетата правда е негирање на правдата! Навремен и еднаков пристап до правда за сите! Наша обврска е на сите граѓани да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски и вонсудски механизми. Бесплатна правна помош за лицата кои живеат во сиромаштија! Таа е гаранција дека граѓаните кои се во тешка финансиска состојба ќе добијат правна помош од адвокат и фер судење“ – стои во честитката на Тупанчевски.
Одбележувањето на Европскиот ден на правдата е со цел на граѓаните во Европа да им се овозможи одблизу да бидат запознаени со нивните основни права.