Наскоро ќе заплови најголемиот крузер во светот

„Icon of the Seas“ на компанијата „Royal Caribbean“ ќе биде најголемиот брод за крстарење во светот што ќе нуди неверојатни нови работи, вклучувајќи воден парк, бесконечни базени, водопади, паркови…

Тој треба да исплови за првпат во јануари 2024 година.
„Icon of the Seas“ ќе го има најголемиот воден парк и првиот бесконечен базен на брод за крстарење. Ќе има водопад висок 16 метри, бар за капење и сопствен Централ парк, инспириран од урбаниот парк во Њујорк. Луксузниот мегаброд ќе прима резервации од следната недела.

Крузерот тежи 250.800 тони, што го прави најголемиот брод за крстарење во светот. Долг е 365 метри.

Крузерот содржи 2.805 кабини и е фокусиран за семејните одмори. Може да прими 7.600 патници и 2.350 членови на екипажот. Посетителите ќе можат да уживаат во луксузните кабини и апартмани. Меѓу другото, бродот за крстарење има тобоган, кино, караоке и огромна тераса.

На врвот на крстосувачот е „AquaDome“, кој преку ден ќе има сопствен водопад и поглед на море, а ноќе ќе се претвора во угостителски центар со ресторани, барови и шоуа на вода. Бродот ќе има и модерна роботика и врвна технологија.