Македонската фудбалска репрезентација загуби од Саудиска Арабија 1-0

Македонската фудбалска репрезентација играше против Саудиска Арабија со тим составен од Првата македонска фудбалска лига пријателскиот натпревар во Абу Даби во еден неофицијален ФИФА термин.

Саудијците темпираат форма за мундијалот во Катар, а нашиот селектор Милевски откри дозна на кои играчи може да смета во иднина.

Во израмнет и не многу атрактивен натпревар, на крајот пресудија примениот гол и неверојатните судиски одлуки во корист на домаќините. Македонија загуби со 1-0.

Во моментите кога Бејтулаи чекаше знак за да влезе во игра по укажаната лекарска помош, Саудиска Арабија поведе со голот на Салед Калид Алшехри на 5 минути пред крајот, но она што следеше во продолжение беше во најмала рака скандалозно.

Во 93-та минута, избраниците на селекторот Милевски беа оштетени за два очигледни пенали, бидејќи Стојановски најпрво беше влечен од домашен играч, а потоа топката беше извадена од гол линијата со удар со рака по ударот од Трапановски.

Судијата не покажа ништо, па наместо чист пенал и исклучување, Македонија го заврши мечот со минимален пораз.

Мечот за Македонија го почнаа Кристијан Наумовски, Кристијан Тошевски, Владица Брдароски, Егзон Бејтулаи, Дарко Велковски, Али Адем, Бојан Димовски, Ферхан Хасани, Љупче Дориев, Методија Максимов и Бесарт Ибраими.

По натпреварот, за дуелот говореше Владица Брдаровски, фудбалерот на Шкупи.

„Штета што самите не се уверивте какво судење имавме од арапските судии. Ова беше незаслужен пораз. Сите задачи кои ги добивме од стручниот штаб ги завршивме како што треба, имавме добро позиционирање на теренот и го чувавме нашиот гол. Противникот од една шанса доби гол, а судиите во два до три наврати требаше да досуди чист пенал во наша корист, ама не го направи тоа. Ама се уверивме дека можеме да играме добар фудбал дури и со репрезентации кои играат на Светското првенство. Одигравме одличен натпревар со Саудиска Арабија“ – рече Брдаровски.