На протестите во шест германски градови, десетици илјади демонстранти побараа поправедна распределба од државната каса за справување со растот на цените на енергијата и зголемувањето на трошоците за живот, повикувајќи на укинување на фосилните горива.
Демонстрации се одржаа во Берлин, Дизелдорф, Хановер, Штутгарт, Дрезден и Франкфурт, а учесниците носеа транспаренти за намалување на инфлацијата и повисоки субвенции за сиромашните поради поскапувањето на енергенсите.
Според проценките на организацијата Гринпис, на улиците имало околу 24.000 луѓе, додека полицијата тврди дека во Берлин се собрале околу 1.800 демонстранти.
„Итно е потребно социјално избалансирано финансиско олеснување за граѓаните. Владата прави многу, но средствата ги распределува со пипета. На луѓето со пониски примања им треба поголема поддршка од богатите луѓе“ – рече Андреа Кочиш, заменик претседател на синдикатот.
Ројтерс потсетува дека германскиот парламент во петокот одобри владин пакет помош во вредност од 200 милијарди евра, чија цел е заштита на бизнисите и домаќинствата во енергетската криза.
Дел од пакетот е еднократен надомест за домаќинствата, малите и средни претпријатија за една месечна сметка за гас, за малите и средни претприемачи.
Механизмот за помош вклучува ретроактивно финансирање на највисоките цени на електричната енергија за домаќинствата и индустријата ретроактивно од март за цените на самото место и од декември за идните цени.
Владата ќе обезбеди дополнително финансирање од добивката на електроенергетските компании.
Инфлацијата во Германија во септември достигна 10,9 отсто, што е највисоко ниво во последниот четврт век.