(Видео) Путин пукаше со снајпер

Рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана на Русија – Шојгу посетија воен камп во западниот регион Рјазан.

Целта на посетата, како што пренесуваат руските медиуми, била претседателот да се увери дека трупите мобилизирани по негова наредба се подготвуваат за битките во Украина.

Вчера на Путин и Шојгу во тој воен камп за обука им беше покажана стандардната воена опрема со која располага руската армија, како униформи, заштитни шлемови, заштитни елеци, како и војнички чизми наменети за војниците за зимата.

„Главната работа е што тие се таму“ – коментира Путин, веројатно поради наводите на бројни западни медиуми дека на руската армија и недостасува опрема, особено онаа што би ги стоплила војниците во зима.

За време на посетата на воениот камп, Путин испукал неколку истрели. Истото го направил и Шојгу, а пукале од снајперска пушка „Драгунов“.