(Видео) Цистерна удри во надвозник во близина на пруга, возот помина низ пламен

Страшен пожар избувна вчера во централно Мексико кога цистерна со гориво удри во надвозник над железничка пруга.

Несреќата се случила во градот Акваскалиентес, а пожарот зафатил бројни куќи во близина. Само од чиста среќа никој не беше повреден.

Евакуирани се повеќе од 800 луѓе, а на социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како товарен воз со полна брзина поминува низ пламените јазици кои зафаќаат се пред себе.

Шефот на пожарникарите, Мигел Муриљо изјави дека меѓу 800 и 1.000 луѓе биле евакуирани.

– Од куќите се извлечени 12 лица и нема повредени. Едно лице се задуши од чад, но е во стабилна состојба – изјави Муриљо.

Тој додаде дека возачот на камионот е уапсен.

Се уште не е познато како цистерната удрила во надвозникот.