Само денеска авиокoмпаниите во САД откажаа дополнителни 800 домашни и странски летови, откако вчера и за време на божиќните празници беа откажани илјадници летови.
Причина за сето ова е брзото ширење на новиот сој на коронавирусот – омикрон. Пилотите и членовите на екипажите одат во карантин.
Патниците кои одлучиле да патуваат, ќе мора да користат друг вид на транспорт.
За време на божиќните празници бројот на откажани летови изнесува 3.000.