Љупчо Николовски – вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси денеска поднесе писмена оставка од функцијата генерален секретар на СДСМ. Тој изрази посебна благодарност до поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев и до сите членови на партијата.
„Денес СДСМ е најбројната, најмодерната, дигитализирана, динамична и европска партија. По 18 години, СДСМ и коалицијата победија на парламентарни избори минатата година. На претседателот Ковачевски и новото раководство им посакувам многу мудрост, единство, ангажман и чување на вредностите. Со ова оставам можност за избор на нов генерален секретар согласно концептот на претседателот Ковачевски“ се вели меѓудругото во писмената оставка на Николовски.
Претходно, и министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски се повлече од функцијата потпретседател на партијата, најавувајќи дека нема намера да биде дел од новото раководство.