Над 1 тон кокаин запленет на пристаниште во француски Авр

Цариниците во пристаништето во францускиот град Авр денеска открија и запленија повеќе од 1 тон кокаин, а притоа приведени се неколку лица осомничени за нелегална трговија со дрога. Кокаинот бил сокриен во контејнер што пристигнал од Колумбија.

Француската служба за борба против наркотици на почетокот од декември во пристаништето Норман заплени 1,5 тони кокаин.