Лидерот на ДУИ – Али Ахмети пред новинарите во Мала Речица рече дека „Не треба да има предвремени парламентарни избори, затоа што имаме многу задачи за завршување“. Тој смета дека евентуални нови избори ќе водат до нова непредвидливост. Ахмети рече и дека е оптимист за спорот со Бугарија.
„Јас сум во кампот на оптимисти и очекувам и позитивен епилог по стартот на новата година. Сепак има некои позитивни сигнали, по пролонгирањето, кое беше поради внатрешни работи во Бугарија. Сепак имаа три парламентарни избори за осум месеци“ рече Ахмети.
Лицерот на ДУИ вели дека „ставот на Бугарија е да се признае бугарското малцинство во Македонија, за што смета дека нема да ја загрози државата ако тие се вметнат во Уставот, иако според последните информации, тоа не било прифатливо за нашата страна“.
Ахмети вели дека треба да се чуваат долгорочните државни интереси.