Повлечени сите автобуси на ЈСП поради дојава за бомба

Дојава дека ќе биде поставена бомба во автобус на ЈСП „„Скопје“ стигнала по електронската адреса на претпријатието. Па поради тоа од сообраќај се повлечени сите автобуси.

Од претпријатието потврдуваат дека доцна синоќа добиле заканувачки меил и утрово веднаш штом бил виден сите автобуси се повлечени од сообраќај и случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.

Низ главниот град од утрово на улиците е хаос. Патници со саати чекаат автобуси на станиците и не можат да стигнат на работните места.

Единствено возат приватните превозници, но тие покриваат само неколку линии.

„Денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП, по претходна пријава околу 5 часот од ЈСП дека од неговиот меил на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП со закана дека поради нередовното земање на плата, планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите. Се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“ информираат од МВР.