Предупредувачки штрајк на вработените во Македонски пошти

Плата за септември или прекин на работата, бараат вработените во Македонски пошти. Тие од денеска почнуваат со предупредувачки прекини во работата во време траење од половина час.

Предупредувачките прекини, велат вработените ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час сѐ со цел за да не бидат оштетени корисниците на нивните услуги, но доколку не земат плата тие најавуваат и протест пред Владата.

Наредниот штрајк е веќе закажан за 29 октомври. На Македонска пошта ѝ фалат уште 50 милиони денари денари, на сметка имале 15 милиони денари, велат од синдикатот. Во Македонска пошта вработени се 2.000 лица.

Раководството на пошта се надева дека Владата ќе им излезе пресрет за да се обезбедат овие 50 милиони денари, во спротивно плата нема да има ниту во наредниот период, а протестот ќе биде неизбежен.